понеделник, 21 октомври 2024

Нептун продавницата Стадион во комплетно нов изглед

На 14 Јуни  Нептун Македонија ги отвори вратите на новиот, врвен центар на производи и гаџети Нетпун стадион, што нуди целосно ново искуство во интеракција со напредните технологии и уредите од премиум сегментот. На отворањето на продавницата, кое беше проследено со забава со диџеј, пијалаци за сите, многу изненадувања, попусти до 50%, ексклузивни понуди и промо цени, присуствуваа голем број фанови и вљубеници во технологијата, чие задоволство од понудата и конкурентните цени беше очигледно.

Објавено на

часот

Сподели

Ги прашавме домаќините што може да очекуваме во овој ексклузивен простор:

„Ја реотворивме оваа уникатна продавница на истата локација, со цел да им се доближиме на купувачите уште повеќе, бидејќи тие од ден на ден, се сè поблиску до нас. Овој совршен спој на современи уреди и најнапредна технологија пречекани од едни од најпребирливите потрошувачите, ентузијасти и технофили е она што нè прави горди и навистина задоволни. Среќни сме што можеме да понудиме избор од бројни технолошки достигнувања, софистицирано искуство во пазарувањето и соработка со најдобрите партнери и брендови ширум светот“, вели Горан Панзов, Ареа менаџер – Скопје.

Новоотворената продавница на Нептун претставува место каде што потрошувачите може директно да контактираат со вработените, подобро да го запознаат уредот што планираат да го купат, да ги добијат сите потребни инструкции, да ги откријат и да научат за сите предности на најновите уреди.

Реотворањето на Нептун Стадион е само уште еден показател дека оваа компанија е верна на принципите на кои е основана, продолжувајќи да инвестира во развој на силни тимови, решенија и услуги, како и достапни иновации што одговараат на најновите потреби на дигиталното општество.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ