„Ракетните сили на хутското движење успешно тестирале ракета способна да се движи со брзини до мах 8 (околу 10.000 км/ч) и користи цврсто гориво. Јемен планира да го почне производството на ова вооружување за да ги употреби за напади во Црвено и Арапско Море, во Аденскиот залив, како и против цели во Израел“, кажал изворот.
Според истиот извор Хутите почнале и со подобрување на постоечките ракети и дронови, модифицирање на нивните боеви глави со намера да ја зголемат разорната моќ, а тестирањето на подобрените системи траело три месеци.
Минатиот четврток лидерот на Хутите Абдел Малих ел Хути изјави дека движењето работи на развој на хиперсонични ракети и додаде дека „непријателите, пријателите и народот ќе го видат нивото на достигнувањата од стратегиско значење, кои нашата држава ќе ја стават во редот на малкуте земји со такви способности“.
Ел Хути кажа дека јеменските сили го користеле новото оружје во неодамнешни операции во Црвено и Арапско Море, што ги изненадило САД и Британија.