вторник, 10 декември 2024

Непознати сторители оштетиле билборд на Османи во центарот на Струмица

Денеска наутро околу 10 часот во полициската станица Струмица било пријавено дека со боја е оштетено рекламно пано-билборд на кандидатот за претседател, Бујар Османи, информираа од СВР Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

Билбордот е поставен во центарот на градот на крстосницата од улиците 4-ти Јули и Ленинова во Струмица.

Во соопштението од полицијата се наведува дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќеска пак, во Кочани била искршена канцеларија на пратеникот Миле Лефков. Во врска со случајот на разбиената пратеничка канцеларија на пратеникот Миле Лефков, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев информираше дека МВР го расчисти случајот и дека сторителот е најден.

Коалицијата Вреди го крена гласот на почетокот на месецов откако беше запален билбордот на претседателскиот кандидат Арбен Таравари во центарот Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ