Од коалицијата Вреди велат дека ноќеска на полноќ биле известени дека бил опожарен билбордот од претседателскиот кандидат Арбен Таравари кај Зоолошката градина во Скопје.
„Би сакале да веруваме дека е несреќа, но билбордот од другата страна воопшто не беше допрен. Се знае која партија има насилници и криминалци во своите редови, се знае која партија ја користи власта за да се збогати и да го плаши народот. Времето на страв заврши. Оние кои палат билборди од гнев дека ги губат изборите, мора да бидат казнети од законот и правдата, но и од меѓународните набљудувачи. Го повикуваме народот да почека уште неколку недели, изборите се ближат, насилниците си заминуваат“, велат од коалицијата Вреди.