петок, 18 октомври 2024

Непал им забрани на своите граѓани да одат на работа во Русија или Украина, тврди дека ги регрутираат за војна

Владата на Непал денеска издаде забрана за своите граѓани да патуваат во Русија или Украина на работа, велејќи дека многумина биле регрутирани од руската војска и испратени да се борат во Украина.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Украинското Министерство за труд соопшти дека има извештаи за Непалци кои загинале борејќи се на руската страна и дека истрага е во тек.

Најмалку 10 Непалци се верува дека загинале во борбите досега, додека четворица се заробени од Украина.

Десетици илјади Непалци кои годишно заминуваат во странство во потрага по работа, треба да добијат дозвола од владата пред да ја напуштат земјата заради вработување.

Исто така, се верува дека некои Непалци се регрутирани да се борат како војници и во украинската армија, но оваа информација не е потврдена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ