петок, 18 октомври 2024
Рајко Пеколски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

(Не)народни пратеници

Повести за многупоучните бесрамно бесмислени и несомнено вистинити авантури на многунепочитуваниот даночен обврзник потрошувач гласач и дисциплиниран пушач Неговото граѓанско Височество - граѓанинот Шљупков и за тоа како тој виде посведочи и доживеа многу згоди и незгоди во Апсурдистан и северно од него извлекувајќи високопоучни слова за граѓанските доблести на послушноста политичката коректност јавниот ред и морал правото и демократијата или скратено – таму негде јужно на север.

Господинот Тресикуров беше народен пратеник.

И господинот Безмудов исто така.  Но да ги разгледаме господата народни пратеници според уважените пратенички групи што ги сочинуваа. Веројатно најважна – и секако најбројна – е групата „Џеб“. На чело со господинот Апанажиски. Потоа Тендерџиски. Џепчиски. Џепков. Арачки. Арамиски. Крмачки. Дебелогазов. Понатаму Арамолепски и Џаболебарски. И Дерикожа. И госпоѓите Крмарска, Маторска, Гицевска и Леворакова-Десноџебов. Да ги споменеме уште и господата Мешков, Нагнеткин и Згоен (често го мешаа со господинот Згоден, кој всушност беше невладин активист).

Следува групата „Трици“, на чело со господинот Дробитричков. Потоа  господинот Трицојадев. Многумрчев. Мрчиски. Мрчало. Бурецки. Дрндупчевски. Потоа господата Посерски (кого исто така често го мешаа со господинот Позерски, виден претставник на експертската фела) и Прдаровски. Потоа госпоѓа Мативода. Госпоѓица Блаблацка. И госпоѓа Алапачка, која подоцна се префли во групата „Џеб“ и се преименува во Налапачка.

Но можеби најинтересна беше група „Прогресивни либерали“. Веќе споменатиот, високоуважен господин Тресикуров ја предводеше оваа група. Го споменавме и господинот Безмудов. Да ги споменеме уште и високоуважените господа Кусокурцев, Дребнокурев, Тртиславски (кој подоцна стана  многууважен министер за надворешни работи и го прослави своето презиме во светот, воведувајќи ја т.н. „тртиславска доктрина“ во надворешната политика), Напаленко и Запаленко. Овие господа по потреба беа и госпоѓи. Коковчевски, Магарчев и Кучкарски, пак, беа толку прогресивни, што некогаш умееја да бидат и прави животни!

Најпосле, никако не смееме да ја изоставиме групата „Борци за човекови права“, најпочитуваната група во меѓународната заедница – вистински светилник на демократијата и филантропијата на чело со господинот Пуцими. Потоа следеа господинот Метак, господинот Костреши. Па Пуцоли, Пуцала. Потоа Калаши. Кољеши. Кашикари. Кољими. Рафали. И госпоѓа Зоља.

Сѐ на сѐ, профинет и високоуважен свет!

Единствено Шљупков реши да си остане граѓанче. Никаквец!

 

Рајко Пеколски

КОЛУМНИ

Миодраг Врчаковски

Илегална миграција на легален начин!

Сеад Џигал

Стереотипите како бариера за жените кандидатки

Ристо Цицонков

Греење: Не си играјте со децата, може да се разболат

Кристина Пота Радуловиќ

„Ти си пречувствителен/на“ – грижа за нас или агресија и етикетирање?

Ристо Цицонков

Базна електрична енергија да, ама не со слаб кадар и неприменети...

Далибор Ступар

Што се случи со Зелената агенда во Србија?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ