четврток, 7 ноември 2024

Нема проблеми за двотретинско мнозинство – новиот состав на ДКСК изгласан со 97 гласови

Со 97 гласа „за“ пратениците на денешната собраниска седница ја изгласаа одлуката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Со комисијата ќе раководи Татјана Димитровска, досегашна ревизорка.

Објавено на

часот

Сподели

Во новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се Татјана Димитровска, судијката Софија Спасова Медарска,  досегашните советници во ДКСК Билјана Каракашова-Шулев и Бесник Џемаиљи, ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Сервет Демири

Новата комисија треба да почне да функционира на 8 февруари.

За претседател и членови на ДКСК, беа пријавени 41 кандидат кои на 23, 24 и 25 ноември беа испрашувани од Комисијата за избор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ