недела, 23 февруари 2025

Нема кандидати кои ќе бидат поддршка на собраниската комисија за надзор над безбедносните служби

Собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите на денешната седница без расправа го усвои Годишниот извештај за работата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 2024 година.

Објавено на

часот

Сподели

Членовите на Комисијата го усвоија и Упатството за постапката за вршење на надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите од страна на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.

Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите согласно своите надлежности ќе изврши и надзор на мерките за следење над комуникациите што се спроведуваат од Оперативно-техничката агенција ОТА. Надзорот ќе се изврши во работните простории на ОТА.

На денешната седница се одржа и административна проверка на пријавите од Јавниот повик за ангажирање на двајцата технички експерти за постојана поддршка на Комисијата. Претседателот на Комисијата Миле Талевски нагласи дека по извршената проверка од страна на собраниската служба било заклучено дека единствениот кандидат што поднел документи на јавниот повик не ги исполнува условите со што јавниот повик беше потврден како неуспешен.

„Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати беше 14 дена од денот на објавување на повикот. Согласно постапката која ја утврдивме на првата седница како прв чекор е административна проверка на доставените документи. Во предвидениот рок до Комисијата доставено е само една пријава со документи од кандидат и по прегледот извршен од страна на собраниската служба се заклучува дека кандидатот кој ги доставил потребните документи не ги исполнува условите за да може да биде ангажиран по однос на овој оглас“, рече Талевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ