сабота, 27 јули 2024

Некој плати 1,8 милиони долари за остатоци од старо ферари (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Објавено на

часот

Сподели

Само 13 ферари 500 мондијал спадер се произведени, а овој примерок има број на шасија 0406 МД. Тоа е вториот мондијал произведен и склопен во март 1954 година и обоен во бојата „росо корса“, најпознатата црвена нијанса на Ферари. Енцо Ферари му го продал автомобилот на дилерот на спортски автомобили од Милано Франко Корнакија, за неговиот личен тркачки тим Скудерија Гуастала.

Се знае дека тркачкиот автомобил го возел Франко Кортезе во април 1954 година на Копа дела Тоскана каде завршил 19-ти во вкупниот поредок, а втор во својата класа. Овој 500 мондијал се тркал и на Миле Миља во 1954 пред да добие нова каросерија од Скаглиети и да се трка на Големата награда на Имола во јуни истата година, завршувајќи 8-ми.

Ултра реткиот модел на Ферари сменил неколку сопственици во 1950-тите и 1960-тите. Бил удрен и се запалил некаде во средината на 1960-тите. Од тогаш седи во оваа очајна состојба со фабричките менувач и 3,0-литарски типо 119 мотор.

Не се знае што планира новиот сопственик со „автомобилот“. Сосема е возможно да го остави во ваква состојба и да го изложи како дел од тркачкото наследство на Ферари. Сепак, можно е и да биде целосно реставриран што без сомнеж ќе биде долг и тежок процес кој ќе чини десетици милиони долари.

ферари

ферари

ферари

ферари

ферари

ферари

ферари

ферари

ферари

ферари

ферари

ферари

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ