четврток, 25 јули 2024
Истражување

НДИ: Граѓаните ќе ја поддржат партијата која има план за подобрување на економската состојба

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањето беше спроведено од 13 до 24 април, а наодите веќе се споделени со „лидерите на јавното мислење за да добијат информации за креирањето на јавните политики“, се вели во соопштението на НДИ.
Речиси половина од населението (48%) велат дека често или повремено имаат тешкотии да ги платат сметките на крајот од месецот, при што граѓаните со пониско социо-економски статус (89%) и оние кои живееат во рурални населени места (53%) имаат поголеми потешкотии да ги покријат трошоците за живот.
Испитаниците се песимисти за иднината, речиси 40 проценти веруваат дека економската состојба, животниот стандард и висината на платите и пензиите ќе се влошат во наредните 12 месеци.

Седум од десет анкетирани граѓани (71 отсто) ги поддржуваат партиите кои имаат дефиниран план за подобрување на економската состојба.
„Граѓаните на Северна Македонија се загрижени за намалениот квалитет на живот“, рече Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на НДИ во Македонија, „а мнозинството граѓани ќе ги поддржат политичките партии кои имаат економски план што ќе помогне да се подобри животниот стандард и да се понудат економски можности“.
Речиси една третина од граѓаните (28,7 проценти) сметаат дека намалувањето на вкупната потрошувачка е решение за надминување на сегашната економска криза. Покрај тоа, огромно мнозинство граѓани (91 процент) сметаат дека зголемувањето на цените е најголемата закана за нивната финансиска состојба и предлагаат владата да даде приоритет на „ценовната стабилност“.
Граѓаните ги поддржуваат владините одлуки за зголемување на минималната нето плата (72 проценти), замрзнување на цените (речиси 83 проценти) и ограничување на профитот на основните прехранбени производи (68 проценти). Мнозинството граѓани (67 проценти) сметаат дека владата треба да продолжи со субвенциите за прехранбените производи и сметките за електрична енергија (48 проценти) како ефикасна мерка за ублажување на негативните ефекти од кризата.
Неодамнешната антикризна кампања се смета дека има ограничен досег бидејќи значителен дел од граѓаните (39 проценти) не се информирани за повеќето од мерките, особено граѓаните со понизок социо-економски статус. Додека повеќе од една третина од потрошувачите (38,7%) не се запознаени со нивните права како потрошувачи, 56% не се свесни дека постојат програми за заштита на потрошувачите.
Позагрижувачки е податокот дека над половина од потрошувачите (54%) не им веруваат на давателите на услуги, ниту на судството (71%) во случај на спор околу трансакција со компанија.
Национално репрезентативно теренско истражување лице-в-лице, нарачано од НДИ, со маргина на грешка +/-3,09 процентни поени на 95% ниво на доверба, големина на примерок од 1.003 испитаници на возраст од над 18 години, се спроведено од ТИМ Институт и финансирано е од Националната фондација за демократија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ