петок, 18 октомври 2024
НБА

НБА ќе добие нов шампион, Лејкерс го исфрли Голден стејт (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Лос Анџелес Лејкерс предводен од Леброн Џејмс го надигра Голден стејт, ја доби серијата со 4-2 и се пласираше во западното финале каде ќе игра против Денвер и Никола Јокиќ.

Синоќа Леброн Џејмс имаше брилијантна партија, одигра над 43 минути, беше вистински лидер на тимот, постигна 30 поени, имаше и по девет скока и девет асистенции, Ентони Дејвис имаше 20 скокови и 17 поени, одлични беа и Ривс со 23 поени и Расел со 19. Кај Голден стејт, Кари реализираше 32 поени, Клеј Томпсон имаше катастрофална вечер со само осум поени и ужасен процент на реализација, погоди две тројки од 12 обиди и три шута од поле од 18 обиди.

Во финалето на истокот ќе игра Мајами кој со 96-92 го победи Њујорк и ја доби серијата со 4-2.

Батлер постигна 24 поени, Адебајо реализираше 23, во составот на Њујорк, а и на натпреварот убедливо најефикасен беше Брансон кој постигна 41 поен.

Резултати: Мајами – Њујорк 96-92 (4-2), ЛА Лејкерс – Голден стејт 122-101 (4-2)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ