петок, 18 октомври 2024
Лига на шампиони

Навивач на ПСЖ избоден од ултраси на Милан, се наоѓа во критична состојба (ВИДЕО)

50-тина навивачи на Милан нападнале фанови на ПСЖ, еден од Французите бил избоден со нож и се наоаѓа во критична состојба.
 

Објавено на

часот

Сподели

Вечерва од 21 часот Милан го пречекува ПСЖ во меч од Лигата на шампионите, а пред натпреварот се случуваат инциденти меѓу двете навивачки групи.

„Кориере дела Сера“ и „Газета дело Спорт“ објавуваат дека навивачот на ПСЖ е во критична состојба откако бил избоден од фанови на Милан изминатата ноќ.

Двата медиуми пишуваат дека повеќе од 50 ултрас навивачи нападнале фанови на ПСЖ кои биле во баровите и ноќните клубови.

Фанов на ПСЖ бил двапати избоден со нож во ногата и веднаш бил пренесен во болница во критична состојба.

Еден полициски агент исто така бил избоден, а еден француски навивач уапсен.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ