Тој се обрати вчера по состанокот на министрите за одбрана на членките на западниот воен пакт во Брисел и ги повика Белград и Приштина да се однесуваат одговорно и да се вратат на дијалогот.
„Како одговор на неодамнешните тензии на Косово, НАТО во последните недели го засили Кфор со повеќе стотици дополнителни војници. Распоредуваме повеќе патроли на северот на Косово“, кажа тој.
Мерките, како што додаде Столтенберг, се преземени за да се обезбеди дека Кфор ги има силите кои му се потребни да го исполни својот мандат даден од Обединетите нации.