Проектот вреден 2,7 милијарди долари ќе ја прошири 57-та воздухопловна база на романските воздухопловни сили Михаил Когалничану, лоцирана во близина на пристанишниот град Констанца на Црното Море. Новиот објект ќе има периметар од речиси 32 километри, ќе се простира на околу 17 квадратни километри и ќе биде дом на околу 10.000 членови на НАТО и нивните семејства, пишува Њузвик.
Еуроњуз викендов објави дека се започнати работите на основната инфраструктура на базата, како што се пристапните патишта и електричната мрежа. На крајот се очекува изградбата на неколкуте нови писти да ги поддржува операциите на различните видови воени авиони.
#Romania has started building the largest #NATO military base in #Europe, which will be able to accommodate 10,000 military personnel. The facility is being built on the basis of the existing airbase in #Constanta. The cost of construction is estimated at 2.5 billion euros. pic.twitter.com/8j8e3bR6x2
— NEXTA (@nexta_tv) March 18, 2024
Николај Крецу, командант на воздухопловната база, рече дека ќе има „хангари за одржување, складирање гориво, муниција, опрема, авијациски технички материјали, симулатори, капацитети за хранење, сместување – сè што е потребно за поддршката на операциите и мисиите на оваа база“.
Букурешт тежнее кон поблиска соработка со своите сојузници во НАТО, особено со САД, додека Црното Море станува сè поактивна сцена на конфликт меѓу Украина и Русија, како и меѓу Москва и нејзините западни ривали.
„Романија веќе се етаблира како сидро на источното крило на НАТО и ЕУ“, рече премиерот Марсел Чолаку во јуни. „Романија е и ќе продолжи да биде сигурен сојузник на САД кој е посветен на стабилноста и мирот во Централна и Источна Европа. Ние сме решени силно да придонесеме за трансатлантската заедница и непоколебливо да ги поддржуваме демократските вредности и основните права и слободи“, рече тој.