„Војната во Украина стана битка за муниција“, изјави за новинарите генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по церемонијата на потпишување во седиштето на западната воена алијанса во Брисел.
Договорена е набавка на 220.000 гранати од хаубичка муниција со калибар 155 милиметри, што е најбараната артилериска граната според НАТО.
„Ова е важно за да ја одбраниме сопствената територија, да изградиме сопствени резерви, но и да продолжиме да ја поддржуваме Украина. Не можеме да дозволиме претседателот (рускиот Владимир) Путин да победи во Украина. Тоа би било трагедија за Украинците и опасно за сите нас“, изјави за новинарите генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
❝Russia’s war in Ukraine has become a battle for ammunition, so it is important that Allies refill their own stocks, as we continue to support Ukraine.❞@jensstoltenberg and General Manager @NSPA_NATO concluded contracts for $1.2 billion in artillery ammunition
— NATO (@NATO) January 23, 2024
Според проценките на Европската унија, Украина минатото лето дневно стрелала од 4.000 до 7.000 артилериски гранати, а Русија повеќе од 20.000. Руската наменска индустрија значително ја надминува Украина, па на Киев му е потребна помош за да се одбрани.
Сепак, новите гранати нема брзо да пристигнат. Според НАТО, испораката ќе пристигне за 24 до 36 месеци.