недела, 20 октомври 2024

НАТО-адмирал: Во секој момент може да избие војна, заврши ерата на мирот

Претседателот на воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, ги повика јавниот и приватниот сектор на Западот да се подготват за ера во која сè може да се случи во секое време, вклучително и војна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Потребна ни е трансформација на НАТО за време на војна“, рече холандскиот адмирал на отворањето на дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Тој нагласи дека владите и компаниите од таа алијанса живееле во време кога имало сè во изобилство, сѐ било предвидливо и можело да се контролира. Членките на НАТО од руската инвазија во 2022 година мора да се приспособат на „ера во која сè може да се случи во секое време, ера во која мора да го очекуваме неочекуваното, во која мора да се фокусираме на ефикасноста за да бидеме вистински ефективни“, рече Бауер.

Адмиралот вети дека помошта на НАТО за Украина ќе продолжи.

„Украина ќе ја има нашата поддршка секој ден, бидејќи резултатите од оваа војна ќе одлучуваат за судбината на светот“, рече тој. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера го предупреди Западот да не се двоуми да му помогне на Киев, бидејќи тоа може да ја продолжи војната со години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ