вторник, 22 октомври 2024

Наплатата на ДДВ потфрли, за 7 месеци во минус 112 милиони евра

Објавено на

часот

Сподели

ц

Ако на ова се додаде дека во првото полугодие од годинава имало за 88 милиони евра помал прилив од ДДВ во буџетот на државата, за седум месеци се доаѓа до сумата од 112 милиони евра помалку од основниот данок од кој се финансира државата.

Инаку, годинашното прво полугодие е втор најлош резултат во наплата на ДДВ споредено со истите периоди во последниве десет години.

ц

Од Управата за јавни приходи, од каде како ретко која институција транспарентно и брзо ги доставија бараните податоци, за порталот Пари велат дека намалената наплата на ДДВ произлегува од понискиот платен ДДВ при увоз, како резултат на законските измени во Законот за данок на додадена вредност:

ц

„Анализите покажуваат дека понискиот ДДВ произлегува од намалената наплата при увоз на електрична енергија и гас. Имено, во членот 27 од Законот за данокот на додадена вредност е додадена нова точка, 5), во која се додадоа природниот гас и електричната енергија преку систем за пренос како добра ослободени од ДДВ при увоз. Тоа значи дека при увозот на гас и електрична енергија Царинската управа нема обврска да пресмета и да наплати ДДВ. Ослободувањето од ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија не предизвикува нивно неоданочување со ДДВ, туку само промена на режимот на оданочување (примена на reverse charge механизмот)“, велат од УЈП.

Сепак, во буџетот недостигаат 112 милиони евра од ДДВ. Министерството за финансии редовно е информирано од страна на УЈП за намалената наплата.

Инаку, токму во овој период, кога има намалена наплата на ДДВ, Министерството за финансии, по блокадите во Собранието, реши со европско знаменце да ги истурка новите измени на Законот за данок на додадена вредност, со кои сите прехранбени артикли што не се основни за човечката исхрана ќе се даночат со десет насто, наместо со пет. Овие измени го чекаат гласот на пратениците во Собранието, со што, според непотврдени информации во јавноста, ќе поскапат околу 1.500 производи.

Данокот на додадена вредност изнесува 49 насто од сите даноци што ги собира државата или речиси 28 насто од сите приходи во буџетот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ