сабота, 26 октомври 2024

Најслабата репрезентација во светот испиша историја

Репрезентацијата на Сан Марино која на ФИФА ранг листата е на последното 207. место, испиша своја историја во квалификациите за ЕП.
 

Објавено на

часот

Сподели

Сан Марино очекувано нанижа десет порази од исто толку мечеви, но притоа оствари историски успех.

На последните три натпревари кои ги играше постигна гол, што досега никогаш не им се случило. Сан Марино првпат во својата историја постигнува три голови во серија.

Вчера во 97. минута дадоа гол против Финска за пораз од 2-1. Претходно погодија со Казахстан и со Данска.

Сан Марино во својата историја одиграл 194 натпревари и само еднаш победил, на пријателски меч против Лихтенштајн во 2004 година. Одиграле осум пати нерешено, а најголем резултат во историјата им е реми со Турција во 1993 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ