19 годишниот Дашмир Елези започнува нова авантура, напаѓачот ќе ја продолжи кариерата во Хрватска.
Шкендија утрово соопшти дека е постигнат договор со Локомотива Загреб, сумата на трансферот не се открива, познато е само дека „црвено-црните“ од Тетово си обзбедиле 10% од следната продажба.
Дашмир Елези е детe на Шкендија, дебитираше на 16 години и стана најмладиот стрелец во историјата на клубот.