Илиоски денеска лесно и убедливо го совлада Алберт Угриниќ од Босна и Херцегодина со 3-0 во категоријата до 86 килограми, дисциплина лоу-кик.
Тоа значи дека Македонецот ќе се закити најмалку со бронза, а за пласман во финалето ќе се бори со Елјан Алкишиев од Азербејџан.
Денеска на СП настап ќе има и Климент Грозданоски, додека Андреа Костовска беше поразена на стартот од Унгарката Фани Лаура Ковач 0-3.