сабота, 19 октомври 2024

Најмалку 80 мртви во пожарите на Хаваи, отворена е истрага за управувањето со кризата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во итните прифатни центри досега се сместени 1.418 луѓе. Во поранешната престолнина на некогашното Кралство Хаваи Лахаина почнале да се враќаат жителите, а нивниот град е речиси целосно уништен.

Три дена по катастрофата и понатаму е нејасно дали жителите добиле некакво предупредување пред огнот да ги голтне нивните домови. Островот има сирени за итни случаи наменети за предупредување на природни катастрофи и други закани, но тие не се огласиле. Не се знае ни точно какви известувањата се испратени и дали воопшти се испратени преку текстуални пораки, мејл или телефонски повици.

За време на пожарите повеќе пати снемувало струја, а бројот за итни случаи 911 во некои делови на островот воопшто не функционирал.

И покрај сето наведено, портпаролот на агенцијата одговорна за управување со кризи кажал за Си-ен-ен дека пораки на предупредување им биле испратени на мобилните телефони на жителите и на електронските медиуми.

Поради бројните истовремени пожари пожарникарите не успевале да стигнат секаде па бројни жители на Лахаина биле приморани едноставно да скокнат во морето за да избегаат од огнот, соопшти Крајбрежната стража.

Поради бројните несреќи државната обвинителка на пацифичката американска држава Ен Лопез отворила истрага за да „се сфатат одлуките кои ги донеле властите пред и за време на пожарите“, а ревизијата ќе биде објавена.

Бројот на смртно настраданите го надминува бројот на загинатите во цунамито во 1960 година, кога на Хаваи загинале 61 лице.

Шефот на окружната полиција Џон Пелтие во четвртокот кажа дека може да станува збор и за 1.000 исчезнати, но тоа не значи дека сите се смртно настрадани или дека се сметаат за официјално исчезнати.

Шумскиот пожар кој изби во четвртокот го раширил силниот ветер, а уште повеќе го разгорела силата на ураганот Дора кој во моментов проаѓа низ Тихиот Океан.

Пожарникарите денес продолжуваат со зауздување на пожарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ