Акцијата за спасување и потрагата по преживеани е во тек.
Надлежните предупредија на обилни врнежи од дожд во текот на целиот ден и можни одрони во загрозеното подрачје.
Претходниот биланс од земјотресот што се случи во понеделникот беше 48 загинати.
Серија силни земјотреси го погодија западниот дел на Јапонија, а најсилниот, со јачина од 7,6 степени, беше на североисточниот врв на полуостровот Ното, на север од департманот Ишикава.