сабота, 5 октомври 2024

Најмалку 11 лица загинаа во одрони и поплави во Непал (ВИДЕО)

Најмалку 11 лица загинаа во лизгање на земјиштето и во поплавите по обилните дождови во Непал во последните 36 часа.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во болниците има 12 повредени лица, осум се водат како исчезнати. Клучните автопати се блокирани, спасувачите се обидуваат да ги одблокираат патиштата, изјави портпаролот на непалската полиција Дан Бахадур Карки, пренесува Ројтерс.

Тој изјави дека во југоисточниот дел на Непал, реката Коши, која речиси секоја година предизвикува смртоносни поплави во источната индиска држава Бихар, достигнува опасни нивоа на вода.

Портпаролот Карки додаде дека населението долж течението на реката Коши е предупредено за можни поплави, како и пораст на водостојот на реките Нарајани, Рапти и Махакали на западот од земјата.

Во околината на непалскиот главен град Катманду се излеаја неколку реки и поплавија патишта и бројни станбени згради.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ