„Останатите три лека ќе пристигнат на клиниката на почетокот од февруари. Се довршуваат административните процедури за оние лекови што недостасуваат, со цел да ја обезбедиме соодветната терапија за пациентите“, подвлече Стојковски во изјава за МИА.
Директорот рече дека од следната недела ќе располагаат со новите буџетски средства со што ќе се обезбеди терапијата за пациентите на клиниката до крајот на оваа година. Доколку има потреба од дополнителни финансии, додаде тој, дека Фондот за здравствено осигурување ќе им излезе во пресрет.
Во моментов нема биолошка терапија на Клиниката за онкологија. Ги немало лековите atezolizumab (tecentriq), bevacizumab (avastin), palbociclib, ribociclib, fulvestrant и cetuximab.