„Лукоил Македонија фокусирано работи на креирање позитивно искуство со своите корисници. Секојдневно, преку снабдување на гориво со постојан квалитет, но и обезбедување на висококвалитетни услуги. Задоволството на потрошувачите и нивната лојалност за нас се од големо значење. Токму затоа, секоја година бараме начин како да им кажеме благодарам. Оваа година организиравме голема наградна игра која траеше 6 месеци, пред новогодишните и божиќните празници, во духот на дарувањето ја доделивме и главната награда – прекрасниот автомобил Hyundai Venue. На Елеонора ѝ посакувам добро здравје и многу среќа во годината што доаѓа и секако сигурни и безбедни патувања со новиот автомобил”, изјави Куку.
„Годинава Лукоил Македонија е нашиот Дедо Мраз! Подобар подарок и поголемо изненадување не можевме ни да замислиме. Веќе ги имам клучевите во рака, но сè уште се прашувам дали ова навистина мене ми се случи. Пресреќна сум. За мене ова е навистина голем ден. Пред Новогодишните и Божиќните празници би сакала да им посакам на сите да се надеваат и да веруваат, зашто среќата се случува кога најмалку ја очекуваме. И благодарност од срце за Лукоил Македонија кои мислат и нас потрошувачите и ја ценат лојалноста”, изјави добитничката на главната награда Елеонора Гаштевска.
Наградната игра почна на 15 јуни, а заврши на 15 декември 2023 година. Во тој период беа изведени вкупно 6 извлекувања и беа доделени 120 награди на исто толку среќни добитници. Најголемата среќа во оваа наградна игра ја имаше Елеонора од село Цапари, Битола – добитничката на главната награда – автомобил Hyundai Venue.
Лукоил Македонија изразува огромна благодарност до сите што учествуваа во наградната игра и им ги честита Новогодишните празници на сите граѓани на Македонија.