сабота, 19 октомври 2024

Наградата „13 Ноември“ за Урошевиќ, Чоревски, Панчо, ДНК…

Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ денеска информира дека добитник на наградата од областа на публицистиката е академик Влада Урошевиќ, од областа на образованието и воспитанието проф. д-р Бона Бајрактарова и прoф. д-р Соња Здравкова-Џепароска, од областа на културата Благој Чоревски, од областа на науката проф. д-р Елка Јачева-Улчар и од областа на уметноста Ѓорѓи Цуцковски.

Објавено на

часот

Сподели

 

Годинешни добитници на оваа награда се и проф. д-р Билјана Кузмановска и д-р Ирфан Ахмети од областа на здравствената заштита, од областа на хуманитарната активност ДНК музичко дуо Андреја Ѓорѓиески – Андреј, Владимир Блажев – Панчо и Елена Божиновска, од областа на социологијата Али Пајазити и од областа на спортот Атанас Костовски и СУГС Гимназија „Никола Карев”-Скопје.

Град Скопје ја доделува наградата „13 Ноември“ на физички и правни лица чија цел е промовирање на константните вредности во науката, уметноста, здравството, културата, образованието и спортот.

„Нивните забележителни, успешни професионални кариери и достигнувања во областите во кои дејствуваат, високо котираат и се препознатливи според вредностите и многу пошироко од нашите државни рамки. Одлуката е донесена по пат на тајно гласање, следејќи ги упатствата на одлуката за работењето на одборот“, се вели во соопштението.

Претседателката на Одборот за доделување на наградата Марија Станчевска – Ѓоргова им честита на годинашните добитници на ова највисоко признание на Град Скопје.

Наградата со која се уважени низа значајни дејци во повеќе области, истакнати жители и организации, градители на културата и севкупниот јавен живот на Скопје се доделува од 1955 година по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ