Како што пренесува РИА Новости, поради активното топење на снегот и подигнувањето на нивото на реките, од излевање се загрозени 2.556 станбени објекти и 6.886 приватни парцели на територијата на 29 општини.
Досега се евакуирани 4.208 лица, од кои 1.019 се деца.
In Orenburg region, water has already risen to 4 meters in some places. Dangerous mark in more than 30 subjects of the RF. A difficult situation is expected in almost all regions of central part of Russia. And it started from the symbolic city of Orsk🏆 because they are bad orcs pic.twitter.com/o1j8E57Lis
— Гакрукс (@Gakruks1) April 6, 2024
Во центрите за привремено сместување се примени 427 лица, меѓу кои 132 деца.
Најтешка е ситуацијата во градот Орск, каде што вчера пукна браната што го штити градот од реката Урал.
⚡️ More than 2,500 houses are under water due to a dam break in the Orenburg region of russia, the russian media reports.
Emergency services said the dam in Orsk had completely collapsed. The volume of water discharge from the Aktubinks reservoir is increasing.
👉 Follow… pic.twitter.com/lcVTdQRJ9e
— FLASH (@Flash_news_ua) April 6, 2024
Во тек е масовна евакуација од таканаречениот стар дел на градот Орск.
Од кабинетот на градоначалникот претходно соопштија дека браната е делумно оштетена на две места.
Одредени делови од областа Оренбург се без електрична енергија.