петок, 18 октомври 2024

На Трамп нагло му скокна рејтингот по појавувањето на суд, повеќето републиканци сакаат повторно да биде претседател

Објавено на

часот

Сподели

Анкетата е спроведена во средата и четвртокот, откако обвинителите во Њујорк во вторникот поднесоа обвинение против Трамп со 34 точки.

Истражувањето покажува дека 49 отсто од Американците сметаат дека е правилно обвинителите да отворат кривична постапка против американски претседател или поранешен претседател.

Меѓутоа, околу 84 отсто од оние кои се опишале како демократи кажале дека обвиненијата се оправдани, додека само 16 отсто од републиканците се сложиле со тоа.

Околу 40 отсто од републиканците сметаат дека поради тоа е поголема веројатноста да гласаат за Трамп во 2024, додека 12 отсто кажале дека е помала веројатноста да го поддржат. Други 38 отсто кажале дека сè што се случува со Трамп немало влијание врз нивното мислење.

Трамп води во изборот за републиканската номинација со голема разлика, а 58 отсто од републиканците велат дека тој е нивниот омилен кандидат. Тоа е пораст во однос на 48 отсто во анкетата на Ројтерс и Ипсос објавена во понеделникот.

Гувернерот на Флорида Рон Десантис, кој не е влезен во трката, е втор со 21 отсто.

76 отсто од републиканците сметаат дека некои во полицијата работат на делегитимизација на Трамп преку политички мотивирана истрага.

Околу половина од сите анкетирани, но само 18 отсто од републиканците, кажале дека обвиненијата би требало да го дисквалификуваат Трамп повторно да се кандидира за претседател.

Во анкетата учествувале 1.004 лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ