Сепак, другиот премин Јариње е сè уште затворен поради пребарувањето на теренот во тој регион.
„За Јариње сè уште нема наредба да се отвори“, кажа Ељшани.
Двата премини се затворени од 24 септември, кога група локални Срби се судрија со косовската полиција во селото Бањска во општината Звечан.
Тогаш настрада еден косовски полицаец, додека потоа беа убиени тројца косовски Срби.
Приштина за настанот ја обвини Србија, а официјален Белград ги отфрли обвинувањата со објаснување дека косовските Срби „се бунтуваат против теророт на (косовскиот премиер Аљбин) Курти“.