сабота, 19 октомври 2024

На Путиновата парада во Москва имаше само еден тенк (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Според Скај њуз, испраќањето на еден тенк на најголемата воена парада во Русија, која се организира секоја година на Денот на победата на Црвениот плоштад во Москва, го наметнува прашањето зошто Русите воопшто вклучиле тенкови во програмата.

 

 

Т-34, реликвија стара 83 години, традиционално го отвора годишниот приказ на воената моќ поради својата симболична улога во помагањето на Русија да ја победи нацистичка Германија, пишува Индипендент. Сепак, тенкот од советската ера е вообичаено придружуван со помодерни борбени машини во целосен приказ на воената моќ на Москва.

Еден корисник на социјалните мрежи рече: „Само еден тенк прикажан за време на овогодинешната парада на Денот на победата! Традиционалната демонстрација на сила на Путин ја разоткри руската слабост“.

Друг додаде: „Ако гледате добро, Путин плаче… бидејќи ова е неговиот последен тенк“.

„Нема тенкови, нема авиони, нема хеликоптери, ништо… Путин сега си оди. Ова е навистина срамно за Русија“, рече трет.

Пред повеќе од една година Русија изврши огромна копнена инвазија на Украина, а се претпоставува дека голем број руски оклопни возила, вклучително и тенкови, се ангажирани во мисии во Украина.

Во исто време, западните земји испратија повеќе од 200 модерни тенкови во Украина во пресрет на контраофанзивата на Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ