понеделник, 28 октомври 2024
Серија А

На Пулишиќ му требаа само 6 месеци да стане најдобар стрелец од САД во Серија А, Милан го совлада Сасуоло

Милан ја заврши годината со победа од 1-0 над Сасуоло, Кристијан Пулишиќ се погрижи трите бода да останат на Сан Сиро.

Објавено на

часот

Сподели

„Росонерите“ наредија четири победи во Серија А пред своите навивачи, вечерва со минимални 1-0 ја добија пресметката против Сасуоло.

Погодокот вреден три бода беше дело на Кристијан Пулишиќ, кој искористи едно додавање на Бенасер и ја затресе мрежата на гостите за 1-0 во 59. минута.

За Кристијан Пулишиќ ова беше погодокот број 6, па со само шест месеци стана најдобриот стрелец од САД во една сезона во Серија А, и го подобри учиникот на Вестон Мекини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ