петок, 18 октомври 2024

На први јануари во светот ќе има повеќе од осум милијарди луѓе

Бројот на жителите на планетата пораснал за 75 милиони во текот на оваа година, а на Нова година во светот ќе има повеќе од осум милијарди луѓе, според податоците кои ги објави американското Биро за цензус.

Објавено на

часот

Сподели

Демографската стапка на растот во светот минатата година биле едвај под еден отсто.

На почетокот на 2024 година се очекува во светот секоја секунда да има 4,3 родени и двајца мртви, според податоците на американското биро.

Стапката на раст на населението во САД оваа година била 0,53 отсто. Во САД се зголемил бројот на жители за 1,7 милиони, а првиот ден од новата година ќе имаат 335,8 милиони жители.

Ако сегашната стапка на растот на населението во САД продолжи со ова темпо до крајот на деценијата, актуелната деценија би можела да биде деценија со најспор раст на бројот на жителите во историјата на САД, со стапка на раст од помалку од четири отсто во текот на десетгодишниот период од 2020 до 2030 година, кажа Вилијам Фреј, демограф во институтот Брукингс.

Деценија со најспор раст на населението во САД до сега беше таа по Големата депресија во 1930-туте кога стапката изнесувала 7,3 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ