петок, 18 октомври 2024

На протестот во Белград нападнат новинар

Репортерот на Н1 Младен Саватовиќ бил нападнат вечерва за време на известувањето од протестот во центарот на Белград.

Објавено на

часот

Сподели

Тој во емисијата на Н1 раскажа што се случило.

„Го чекавме последното вклучување во живо, стоевме меѓу зградата на Републичката изборна комисија и Претседателството, и во моментов кога чекав повторно да ме вклучат, ми пријде маж од околу 35-40 години и почна да ми дофрла нешто неразбирливо“, раскажа тој.

„Го одработив своето вклучување, се воздржував колку што можев бидејќи беше стресна ситуација, и потоа му кажав дека „муријата“ ќе дојде кога ќе ги повикам, поради тоа што станува збор за попречување и вербален напад на новинар кој си ја работи работата. Обично во ваквите ситуации се трудиме да бидеме воздржани, некога проценуваме кога да се покажат заби, дека не сте некој кој лесно се застрашува, и лицата се оддалечуваат. Тоа се ретки ситуации, обично граѓаните ни приоѓаат да ни се заблагодарат за работата што ја работиме“, кажа Саватовиќ.

Меѓутоа, додаде дека овој маж бил упорен.

белград-н1

„Почна да му се внесува во лице, да ми се заканува, еднаш ме фати за десната рака, потоа уште неколку пати. Заминуваше и се враќаше. И јас бев малку циничен кон него, поради уморот, но нема оправдување некој вака да се однесува“, кажа тој.

Н1 објави интегрална, немонтирана снимка од инцидентот. На снимката се гледа дека во еден момент мажот замавнал со шака кој репортерот со извик: „Сакаш да те удрам?“ Се гледаат и граѓани кои приоѓаат и се обидуваат да го вразумат напаѓачот.

„Ја повикавме полицијата која дојде за десетина минути. Имаше и припадник на обезбедувањето на Претседателството, но кажа дека не може да реагира. Дадовме изјава а утре треба да поднесеме пријава. Полицијата ни кажа дека ќе се обиде врз основа на снимката да го најде и процесира извршителот, кажа Саватовиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ