вторник, 22 октомври 2024

На интернет кружи снимка од Бајден од почетокот на неговата кариера (ВИДЕО)

На интернет кружи видео на американскиот претседател Џозеф Бајден од почетокот на неговата политичка кариера, кога беше еден од најмладите сенатори во САД.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

На видеото може да се види Бајден, како харизматичен 30-годишен сенатор од Делавер, за време на дебата во Капитол.

Бајден првпат бил избран за сенатор во 1972 година и е седмиот најмлад член на горниот дом на американскиот Конгрес во историјата на САД.

Тој наполнил триесет години, што е уставно пропишаната старосна граница за влез во Сенатот, неполни две недели по изборите.

Сепак, почетокот на неговата кариера во Сенатот го одбележа голема семејна трагедија. Во декември 1972 година, помалку од еден месец пред да ја положи заклетвата, неговата сопруга Нила и едногодишната ќерка Ејми загинаа во сообраќајна несреќа, додека синовите Бо и Хантер беа тешко повредени.

Бајден размислувал поради несреќата да поднесе оставка како сенатор, но лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Мајк Менсфилд, го убедил да не се откажува. Тој сепак одлучил секој ден да патува 90 минути со воз од Делавер до Вашингтон, за да може да се грижи за своите синови.

Денеска 81-годишниот Бајден посакува втор претседателски мандат. Се очекува негов противкандидат на претседателските избори во ноември да биде контроверзниот поранешен претседател на САД, републиканецот Доналд Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ