понеделник, 21 октомври 2024

На граничните премини запленети цигари, електронски цигари, лековити билки…

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани трансформатори за светилки, цигари, електронски цигари, лековити билки, опрема за потстрижување, производи за нега на коса, лепенки и патенти за облека и фалсификати.

Објавено на

часот

Сподели

144 трансформатори за светилки од 220 волти се откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица.

355 електронски цигари se откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на два автобуси со македонски регистарски таблички, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Цигари марлборо (18 штеки) без акцизни маркички се откриени при контрола на товарно  возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски  државјанин, пријавено за влез  во државата на граничниот премин Богородица.

Лековити билки (10.645 килограми RESTTHARROW ROOT RADIX ONONIDIS) се откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце. При контрола на камионот, кој бил пријавен за транзитна постапка, било забележано дека на приколката недостасува царинската пломба наведена во транзитниот царински документ, а која е пронајдена во кабината на возилото.

Опрема за потстрижување и производи за нега на коса се откриени при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

198 парчиња термална фолија за печатење со лого на заштитени  трговски марки Adidas, Nike, Tommy Hilfiger, Puma, Reebok и Gucci, и 1.000 парчиња патенти и ленти за шиење, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Делчево.

На ГП Богородица запленети се  11.842 детски боксерки со лого на заштитени трговски марки, откриени при контрола на камион со турски регистарски таблички, натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово. Вредноста на производите, доколку би се продавале како оригинали, е проценета наоколу 9,5 милиони денари, соопшти Царинската управа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ