сабота, 19 октомври 2024

На Град Скопје ќе му подариме 5 или 6 еколошки автобуси, најави министерката Шукова

Министерката за животна средина, Каја Шукова денеска изјави дека ќе набават пет или шест автобуси за Град Скопје, исти како што биле набавени пред две години со заем од Европската банка за обнова и развој. Таа нагласи дека овој пат тоа ќе биде грант за Градот Скопје. Таа информира дека на министерството му е ветено во понеделник да ги добие лабораториските наоди за акумулаторскиот отпад во скопски Орман.

Објавено на

часот

Сподели

На новинарско прашање дека некои мерни станици за квалитетот на воздухот не работат, Шукова потенцира дека се работи за автоматски мониторинг станици кои имаат сензитивни делови, инструменти кои што многу често се расипуваат, меѓутоа ти се попвараат во континуитет од страна на Министерството.

„Имаме преку 20 мониторинг станици на ниво на држава, не се само во Градот Скопје и неколку луѓе работат на одржување на системот. Може да се случи ден до два да не работи мониторинг станица додека да се замени овој дел кој што е расипан со резервен дел“, рече Шукова.

Во однос на автобусите за Скопје, како и нејзината најава дека се работи за замена на нееколошки системи за затоплување во институции во четири градови со пари од ЕУ во износ од 10 милиони евра, таа додаде дека засега се мапира кои градови ќе бидат избрани.

Шукова информира дека уште се чекаат лабораториските анализи од отпадот во депонијата во Орман и дека очекува најдоцна до понеледник да бидат готови. Најави дека во овој случај ќе бидат изречени парични казни и најверојатно и кривични пријави за прекршителите. Посочи дека процесот веќе оди во таа насока.

„Лабораториските анализи уште ги чекаме, за жал. Секој ден сме во контакт со лабораторијата, заедно со Државниот инспекторат за животна средина. Ветија дека ќе ги имаме најдоцна до понеделник. Утврдивме дека таму има незаконски дејствија. Носена е згура од Пробиштип во Скопје и оној што го направил прекршокот прво ќе го санира местот, а и ќе плати за прекршокот. Нема да дозволиме во иднина повторно истата активност да се случува не само во Скопје, туку и на локацијата од каде што доаѓа згурата. Точно знаеме за што се работи, какви активности имало, само чекаме за каков тип на отпад станува збор, рече министерката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ