„Нашето пријателство, добрата волја, како и соработката што ја покажуваме овде е доказ дека може да се случат добри работи меѓу двете земји. Ние политичарите не треба да гледаме во минатото, можеме да учиме од него. Но, поважно е правилно да ја градиме иднината, нашите земји, нашите економии и добрососедските односи. По голем број иницијативи, оваа недела стана недела на бугарско-македонските односи во Европскиот парламент. Заедничката изложба на уметници од двете земји што денеска ја претставивме овде пред десетици гости, учениците кои победија на конкурсот за есеј, збратимените општини, сите овие добри иницијативи се мали чекори во вистинската насока. Ова е нашиот пат – заедно до подобра заедничка иднина во ЕУ“, истакна Ќучук.
Европратеникот им се заблагодарил на директорите на двете училишта и на градоначалниците на збратимените општини, со кои, според неговите зборови, идејата ја претвориле во прекрасна иницијатива и долгорочна соработка.
Според Ќучук, Бугарија е дел од ЕУ веќе 16 години и е посветена да придонесе со добрите примери на земјите од Западен Балкан.