Финалето се играше во Бари, противник на Црвена звезда беше Олимпик Марсеј, по 120 минути игра немаше голови, беше 0-0, па пеналите го решаваа победникот.
Последниот, одлучувачки пенал го шутираше Дарко Панчев, Македонецот погоди, по што можеше да почне големата радост на Црвена звезда за историскиот успех.
Дел од таа златна генерација на Црвена звезда покрај нашите Панчев и Најдоски, беа и Просинечки, Савичевиќ, Михајловиќ, Биниќ, Југовиќ, Бјелодедиќ…