Да, не е грешка. Вистински мотор за автомобил. Но, во видео на Јутјуб се предупредува дека при евентуалното купување на овие мотори треба да се внимава.
На Али експрес се продаваат најразлични мотори, но тие на Фолксваген кои се на продажба се речиси исклучиво варијанти на платформата ЕА888, која опфаќаше мотори од 1,8 до 2,0 литри и можеше да се види под хаубата на најобични автомобили, како поло, па сè до голф ГТИ и ауди.
Додека некои од тие мотори беа фрабрички со турбина, се чини дека ниеден од моторите на Али експрес не доаѓа со турбо. Тоа се само составени горни и долни делови на мотори. Според јутјуберот ДАП ДИЈ, овие мотори се всушност остатоци од кинеските фабрики на Фолксваген кои не биле употребени во производството и некако стигнале на пазарот, а цените им се движат од илјада до неколку илјади евра.
Меѓутоа, ако размислувате за купување ваков мотор за сопствен проект, треба да бидете свесни дека се прилично различни од моторите ЕА8888 на кои сме навикнати.
Фолксваген направи неколку варијации на ЕА888 моторите за различни автомобили на различни пазари и можат да постојат значајни внатрешни разлики меѓу нив.
Помалите верзии, на пример, имаат излиени коленести вратила, што е прифатливо за поекономични автомобили со помала сила. Меѓутоа, за спортски автомобили како голф ГТИ или Р, Фолксваген користеше многу посилни ковани коленести вратила. Иако е можно да купите и таков со посилни внатрешни делови, тоа никој не може да ви го гарантира. Треба да бидете свесни за ризикот дека би можеле да завршите со мотор кој не ви одговара, предупредува ДАП ДИЈ.