За двојното убиство како соизвршители обвинети се Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, а таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, е обвинет за помагање.
АКМИС системот за овој судски процес го исфрли името на судијата Ивица Стефановски, претходно познат како судија кој постапуваше во случајот Монструм. Според обвинението целта на обвинетите им била да присилат член на потесното семејство на Вања да даде парични средства за откуп.
Истражната постапка за Љупчо Палевски Палчо, главниот осомничен за двојното убиство, продолжува.