петок, 18 октомври 2024

На 25 јули завршува вториот бран за пријавување на Виз Ер Скопски маратон

Објавено на

часот

Сподели

Учесниците можат да се пријават на традиционалните трки (маратонот, полумаратонот, штафетната маратон трка- ЕУ со тебе и трката на 5км) на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон/. http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/

Секој оној кој што сака да биде дел од најмасовната спортска манифестација, има можност да го пријави своето учество до 25 јули кога завршува и вториот бран за пријавување. Финалниот рок за пријавување на маратон, полумаратон, штафетениот маратон и трката на 5км е на 20 септември. Учесниците на маратонот и полумаратонот при пријавување ќе треба да одберат таргет време за кое планираат да ја завршат трката, со цел да се распоредат во соодветниот стартен бокс.

За сите пријавени до 30 август, во стратниот пакет влегува и маица со логото од трката. Сите натпреварувачи кои ќе се пријават после овој датум нема да добијат маица.

Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК Работнички, додека покровители на трката се Агенцијата за млади и спорт, Делегација на Европската Унија и Град Скопје. 

Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Ваучерите ќе се испраќаат после 10 октомври на емаил адресите кои ќе се остават при процесот на пријавување.

Подетални информации поврзани со маратонот може да се најдат на официјалната веб страна на трката: skopskimaraton.com.mk, како и офцијалните профили на Виз Ер Скопски маратон на социјалните мрежи www.facebook.com/skopskimaraton и www.instagram.com/skopjemarathon/.  
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ