петок, 18 октомври 2024
Здравствените работници ќе останат со кратки ракави

МЗ: Буџетот не дозволува три пати годишно зголемување на платите

Можностите и буџетот не дозволуваат повеќе. Оваа година веќе двапати се покачуваат платите на здравствените работници, во првата половина на годината и овој месец,  сопшти Министерството за здравство по најавата на Независниот синдикат на здравствени работници (НСЗР) за предупредувачки протест на 19 октомври.

Објавено на

часот

Сподели

„Еднаш во првата поливина на годината се покачија за 2.000, 2.500 и 3.000 за три различни групи здравствени работниици. Сега, на 9 октомври, имаше ново покачување од 10 проценти, плус договорена е исплата на регрес на крајот на годината. Апсолутно сметаме дека покачувањето е значајно и Министерството за здравство и министерот Меџити од преземањето на функцијата силно се залага за подостоинствен приход, а двете покачувања се резултат, меѓу другото, и на оваа заложба. Сепак, можностите и буџетот не дозволуваат повеќе“, наведува Министерството за здравство (МЗ) во допис до медиумите. 

МЗ посочува дека одржало повеќе состаноци со синдикатите на кои било разговарано на оваа тема при што, како што е наведено во соопштението, „детално им беше образложен пристапот на Владата и Министерството за здравство во однос на покачувањата“. 

Независниот синдикат на здравствени работници (НСЗР) денеска информираше дека в четврток, 19 октомври, ќе организира предупредувачки протест на вработените во сите здравствени институции во државава за време на паузата, од 10:30 до 11 часот, зашто се незадоволни од тоа што и по средбата на нивни претставници во Министерството за здравство на 5 октомври немаат одговор за нивните барања.

Бараат зголемување на платата за 30 проценти на сите здравствени работници и на административно-техничкиот персонал, ревидирање на Колективниот договор, зголемување на додатокот за инфекција од 1 на 4 проценти, трансформација на работниот однос од определено на неопределено на тие што се со договор на дело и бенефициран работен стаж.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ