сабота, 27 јули 2024

МВР поднесе кривична пријава против новинарот Салиу

Министерството за внатрешни работи (МВР) денска поднесе кривична пријава против новинарот и уредник на ПорталиИкс, Фуркан Салиу. Салиу и уште едно лице. И двајцата се осомничени за спречување службено лице во вршење службено дејствие.

Објавено на

часот

Сподели

„По целосно документирање на настанот на 11 април 2024 од страна на Единицата за насилен криминал при СВР-Скопје до ОЈО Скопје против лицата Н.Ј. и Ф.С. поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело спречување службено лице во вршење службено дејствие” информираа од МВР.

Новинарот Салиу на неговиот фејсбук профил објави дека бил информиран за кривичната пријава и оти смета дека делото против него не може да се докаже.

„Само што нѐ информираа дека МВР поднело кривична пријава за попречување на службено лице. Најверојатно ќе се бара претрес во просторите на ПорталиИкс и во моето живеалиште. Делото не верувам дека можат да го докажат меѓутоа најверојатно работата на порталот ќе биде оневозмоена одреден период“, напиша Салиу кој воедно ги повикува релевантните институции и меѓународните организации да го следат развојот на ситуацијата.

Салиу заедно со уште две лица беше приведен на 7 април за време на фудбалски натпревар помеѓу БВК Коњаре и Куманово во Средно Коњаре дека нападнал припадници на Единицата за брзо распоредување додека интревенирале пред крајот на натпреварот откако домашната публика пробала да се пресмета со гостинските играчи. МВР тогаш објави и дека при претрес на возилото на новинарот, кое во тој момент било управувано од друго лице, бил пронајден пиштол.

По разговорот во полициската станица Гази Баба, Салиу истата вечер беше пуштен на слобода. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ