сабота, 27 јули 2024

Новинарот Салиу е пуштен на слобода, обвини за незаконски претрес на возилото и бришење снимки

Новинарот на порталот ПорталиИкс, Фуркан Салиу вечерва е ослободен, откако поплaднето беше уапсен за време на фудбалски натпревар во селото Средно Коњаре.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Не сакам да помислам дека се обидуваат да ме замолчат, нека докажат дека сум нападнал полицаец и јас веднаш ќе се повлечам од екраните, изјави Салиу по пуштањето на слобода.

Тој побара полицијата да докаже дека тој нападнал полицаец и како е отворено неговото возило без негово присуство. Тој обвини дека му биле избришани снимки од фудбалскиот натпревар на кој присуствувал како новинар, а отишол таму затоа што знаел дека ќе има нереди.

„Поради вашата поддршка бев ослободен, но во некоја различна ситуација немаше да бидам. Без никаков доказ. Нека докажат дека сум нападнал полицаец, јас утре ќе се повлечам, не ме гледате на екран. Нека докажат. Информиран сум сега дека мојот пиштол е најден во багажот, расклопен целосно како што е според закон, а најден е без мое присуство, во обид да избришат снимки“, рече Салиу.

Според неговото сведочење пред камерите сето ова се случило поради некоординација на полицијата иако знаела дека фудбалскиот натпревар е од висок ризик.

„Целиот настан почна кога еден млад дечко, кој седеше до нас цело време настрана и не учествуваше во тепачката, почнаа да го тепаат. Го фатија, го ставија под кола за да не се гледа и го тепаа. Го извадив телефонот за да го документирам тоа, затоа што дечкото навистина ништо не направи. Ми го земаа телефонот, не знам дали е скршен, ме уапсија мене, сум пружал отпор, сум нападнал полицаец, нека го докажат тоа. Викав дека сум новинар, 90 отсто од тие полицајци ме знаат, пред два дена заедно бркавме криминалци“, вели Салиу.

МВР претходно соопшти дека Салиу и уште едно лице се приведени затоа што нападнале припадници на ЕБР за време на фудбалскиот натпревар БВК Коњаре-Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ