сабота, 27 јули 2024

Уапсен новинарот Фуркан Салиу

Новинарот Фуркан Салиу денеска е уапсен од скопската полиција, на фудбалски натпревар, дознава МКД.мк Повеќе детали МВР најави за подоцна денеска.

Фото: скриншот/ин7.тв

Објавено на

часот

Сподели

Според првичните неофицијални и непотврдени информации, Салиу бил приведен откако нападнал  полицаец – припадник на Единицата за брзо распоредување (ЕБР). По инцидентот полицијата го претресла Салиу и неговото возило, и нашла пиштол во неговиот ранец.

По ова Салиу бил однесен во полициската станица Гази Баба.

Повеќе детали МВР најави за подоцна денеска.

Ин7.тв на фејсбук објави видео за кое тврди дека е од апсењето на новинарот Салиу.

„Уапсен Фуркан Салиу по судир со специјалната полициска единица. За повеќе информации подоца. Видеото е испратено во инбокс, по натпреварот ФК БВК Коњаре – ФК Куманово“, пишува на фејсбук профилот на Ин7.тв.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ