сабота, 23 ноември 2024

МВР го проверува лицето кое планирало терористички напад за концертите на Тејлор Свифт

Министерството за внатрешни работи информира дека постапува по барање добиено од австриските власти за проверка на лице кое е по потекло од земјава, а кое е осомничено за планиран терористички напад за време на планираните концерти на Тејлор Свифт во Виена.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Ве известуваме дека од страна на австриските власти до Министерството за внатрешни работи е пристигнато барање за проверка на лице кое е по потекло од Македонија, а истиот е осомничен за планиран терористички напад во Виена. Од наша страна се постапува по однос на доставеното барање“, информираат од МВР.

Австриската полиција уапси две лица осомничени за планирање напади на концерти на мегаѕвездата Тејлор Свифт што требаше да се одржат во Виена. Едното лице, 19-годишник, како што објавуваат австриските медиуми е со потекло од Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ