вторник, 22 октомври 2024

Муслиманите во САД го предупредија Бајден: Нема примирје, нема наши гласови

Муслиманите во Америка и некои активисти на Демократската партија најавија дека ќе мобилизираат милиони муслимански гласачи да не даваат донации и да не гласаат за претседателот Џо Бајден на изборите следната година, доколку тој веднаш не преземе итни чекори за да обезбеди прекин на огнот во Газа.

Објавено на

часот

Сподели

Националниот демократски совет на муслиманите, кој ги опфаќа лидери на Демократската партија од државите кои најверојатно ќе го одредат исходот на изборите како што се Мичиген, Охајо и Пенсилванија, му даде рок на Бајден до вторник навечер по локално време да го искористи своето влијание во Израел за да постигне договор за прекин на огнот, објави Ројтерс.

Во отвореното писмо со наслов „Ултиматум за прекин на огнот 2023 година“, муслиманските лидери најавија дека ќе ги мобилизираат своите гласачи „да не поддржуваат или гласаат за кој било кандидат кој ја поддржува израелската офанзива против палестинскиот народ“.

„Безусловната поддршка на вашата администрација, која опфаќа финансирање и вооружување, играат значајна улога во продолжувањето на насилството што предизвикува цивилни жртви и ја поткопува довербата што гласачите ја имаат во вас“, напиша Советот.

Поранешниот член на Претставничкиот дом Кит Елисон, јавен обвинител на Минесота и прв муслиман кој е избран во Конгресот, и конгресменот Андре Карсон од Индијана се основачи и копретседавачи на организацијата.

Писмото е последен знак на растечко незадоволство во арапските и муслиманските заедници во Америка поради неуспехот на Бајден да ги осуди нападите на Израел врз Појасот Газа како одговор на нападот на екстремистите од Хамас на 7 октомври во кој беа убиени 1.400 луѓе, а беа киднапираа 239.

Здравствените власти во Газа во понеделникот објавија дека повеќе од 8.300 луѓе, меѓу кои 3.457 деца, загинале во израелската операција.

Претставничката Рашида Тлаиб, палестинско американска пратеничка од Мичиген, во понеделникот објави видео на платформа Икс во кое ја осудува поддршката на Бајден за „геноцидната кампања на Израел во Палестина“ и додаде: „Не сметајте на нашите гласови во 2024 година“.

Емгејџ, муслиманско американска граѓанска група, откри дека на изборите во 2020 година гласале речиси 1,1 милион муслимани. Излезните анкети на Асошиетед прес покажаа дека 64 отсто од муслиманите гласале за демократот Бајден, а 35 отсто за неговиот републикански ривал Доналд Трамп.

Извршниот директор на огранокот на Советот за американско-исламски односи (ЦАИР) во Сакраменто Басим Елкара рече дека муслиманските гласови би можеле да бидат клучни за реизборот на Бајден и потсети дека на изборите во 2020 година тој во Мичиген имал предност од само 2,6 отсто.

Муслиманите во Минесота, која Бајден планира да ја посети во среда, поставија сличен ултиматум минатата недела со краен рок до вторник напладне и најавија протест за време на посетата на Бајден.

Извршниот директор на ЦАИР за Минесота Џаилани Хусеин рече дека американските муслимани во другите држави клучни за реизборот на Бајден исто така планираат да поднесат слични барања, а тој го наведе фактот дека Бајден бил поддржан од околу 70 проценти од муслиманите во 2020 година.

Според новото истражување на Арапско-американскиот институт, поддршката за Бајден кај американските Арапи, кои се клучно бирачко тело во најважните држави, нагло опадна на само 17 проценти.

Покрај тоа, за прв пат од 1997 година, кога започна истражувањето, мнозинството Арапи во Америка повеќе не се изјаснуваат како поддржувачи на Демократската партија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ