среда, 5 февруари 2025

Мрачна прогноза на Медведев за Европа: „Заблагодарете им се на вашите лидери“

Европа ќе мора да плати фантастична сума за да ја состави Украина од делови, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Американскиот претседател Доналд Трамп објасни како Киев ќе ѝ плати на Америка – со ретки метали. А што е со Европа? Таа ќе плати фантастична сума за да ја состави пропаднатата држава Украина од делови – Европејци, заблагодарете им се на вашите лидери за ова: Урсула фон дер Лајен (претседателка на ЕК), францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и други патетични личности“, напиша тој на социјалните мрежи.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД очекуваат Украина да обезбеди гаранции за снабдување со ретки метали во замена за финансиската и воената помош од Вашингтон.

Шефот на киевскиот режим Володимир Зеленски за време на средбата со директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, во Киев, потврди дека се согласува со предлогот на Доналд Трамп Киев да им предаде на САД ретки метали во замена за воена помош, пренесува Спутник.

„Отворени сме за сето ова да биде договорено со нашите партнери кои ни помагаат да ја одбраниме нашата земја и во потиснувањето на непријателот со своето оружје, со своето присуство, санкции“, нагласи Зеленски, а пренесуваат украинските медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ