Секретарот на Општина Тетово Дарко Коцевски во изјава за медиумите вели дека тој не потпишал, ниту пак има ингеренции да потпишува такво нешто.
„Таква ингеренција нема ниту градоначалникот Касами, а камоли јас. Нека го отворат Законот за инспекциски надзор“, изјави Коцевски реагирајќи на некои информации дека крстот ќе се урива со негов потпис.
Општина Тетово досега има издадено околу 5.000 решенија за уривање кои чекаат да бидат спроведени.