Експлозивната направа паднала во близина на ограда во која се наоѓаат резервоари за дизел гориво, се наведува и се додава дека таквите напади се „неприфатливи“.
Не е познато кога точно се случил нападот, пренесува Ројтерс. Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, повеќе пати предупреди на опасноста од нападите врз оваа нуклеарна централа.
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за претходните гранатирања на централата, иако руските трупи ја имаат контролата врз комплексот.